Дом

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

26 август, 2015

Пред и потоа: Модерна обнова на куќа од 1987

22222

По цели 10 години поминати во процес на реновирање и ремоделирање, дом во Тексас го доби посакуваниот современ „потоа“ изглед. Модерниот и луксузен дом му припаѓа на локалниот фотограф и дизајнер Александар Строс. Кога тој го купил имотот во 2005, куќата се наоѓала во лоша состојба со запуштен двор и веќе стара фасада и ентериер кој копнеел за обнова и освежување. Впрочем,  куќата имала голем потенцијал за обнова и токму тоа го привлекло Строс кој барал предизвикувачки проект.

На проектот за обнова на куќата Строс работел со архитектонскиот тим на студиото „Dick Clark + Associates“. Всушност, сите архитектонски детали се изведени под палката на „Dick Clark + Associates“, додека Строс рачно го изработил мебелот и декоративните елементи.

22 23 3 2

Стариот ентериер кој од 1987 бил заробен во фасада со безизразна пастелна нијанса сега се истакнува со модерни карактеристики кои се претопуваат во природното опкружување. Строс целосно ја обновил и фасада која сега блеска со чиста бела основа надополнета со делови изведени од дрво и црни рамки на прозорците и оградата на терасата.

33 5

Ентериерот е сосема поинаков од стариот со темен амбиент уреден со стари веќе излитени декоративни елементи и мебел кој бил неудобен и непријатен за домување. Повеќето ѕидови и ѕидни прегради кои го затворале ентериерот се срушени и на нивното место се поставени широки прозорци кои се простираат од подот до таванот и ги отвораат просторите кон раскошната природа.

34 27 30 31 24 26 29

Куќата со површина од 266 метри квадратни која претходно не била практично и вешто искористена, сега доби внатрешност со посебен сјај. Овде клучна улога играат и палетата на материјали и изборот на мебел и декор. Употребени се природни материјали како багремово и борово дрво и камен кои креираат хармонична кохезија со природата и структурално и визуелно.

8 21 9 10 17 16 15 13 19 18 20
[fb_button]

, , , , ,