Проекти

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Александра Павлоска

20 октомври, 2015

Клуб-маса изработена од дрво, бетон и бакар

Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-7

Швајцарскиот производител на мебел „Astfrei“ го претстави својот прв дизајн-концепт, клуб-масата „CS1“.  Интересната структура на масата која е спој од три различни материјали дава посебен акцент на експериментирањето со материјалите. Интеракцијата на калифорнискиот орев, бетонот и бакарот создава уникатен естетски спој.

Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-4a Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-4

Студениот бетон му се противи на темниот орев, кој течно се слева во топлиот изглед на бакарната ногарка, а тенките рабови даваат лесен изглед на цврстата конструкција. Оваа игра на контрасти – калифорниската инспирација со швајцарското производство, елеганцијата наспроти нерафинираноста – создава уникатен современ дизајн.

Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-8 Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-2 Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-10 Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-9 Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-3 Astfrei-CS1-Coffee-Side-Table-11
[fb_button]

, , , , , ,