Моден дизајн

Александра Павлоска

22 октомври, 2015

Накит од бетон од кој зрачи иновативност и елеганција

Thorning-og-Astrup_2014-1-web

Тригодишното експериментирање со материјали на „Konzuk“ кулминираше во рачноизработени парчиња накит од бетон што го носат името „Orbits“. Накитот на „Konzuk“ претставува иновативна игра на комбинирање материјали со цел да креира едноставни парчиња со чисти линии што ја отсликуваат минималистичката естетика на современиот индустриски дизајн и архитектура.

7 4 9

„Orbits“ е колекција во која се споени бетон и челик во сребреникава и златеста нијанса, формирајќи сензационална колекција накит. Колекцијата се состои од алки, обетки, прстени и од ѓердани.

10 11

Алките во монохроматски сиви тонови се спој на елеганција и иновативност, а секој елемент посебно е изработен рачно, правејќи ги сите парчиња накит уникатни. Бетонскиот бисер поставен на прстенот од не’рѓосувачки челик, наместо традиционалниот природен бисер, внесува забава во дизајнот. Прстенот е достапен и во поинаква комбинација на совршено избалансирани помала бетонска и поголема челична сфера.

8 5

За својата првата колекција накит „Thorning astrup“, Ниелс Аструп и Маја Торнинг се одлучиле за бетонот како материјал што е суров и индустриски, но преку обработка станува мазен и мек.

il_fullxfull.584851232_4v03 126619-c81e7f42d55d4f61bf5b8840c3d1f301 126619-64da0035f22e46109ac23e9300574938

Бетонот бил појдовна точка кога двајцата креативци започнале да експериментираат, но набрзо откриле дека тој е лесно порозен и многу студен, наспроти топлата кожа. Оттука се одлучуваат за комбинирање на бетонот со сребро, бамбус и со бакар, без притоа да биде нарушена естетиката на бетонот.

Стилот на парчињата накит од колекцијата „Thorning astrup“ е нордиски и минималистички. Дизајнерите работеле со едноставни геометриски форми, а коцката е срцето на колекцијата.

126619-ba57588471bb407fb3a3e149be6b193f 126619-b1f125c3d6f743848e7fc895e729ae12 126619-8a9afa3fc3b54e2f9035fbf82d482fd7 126619-2f08f58eb2814bd688b60d07e0f04482 (1) ta2 [fb_button]

, , , , , ,