Ресторан

Александра Павлоска

21 октомври, 2015

Пицерија во која преовладуваат бетонски завршници

kook-10-800x1208

Обожавачите на вкусната италијанска пица и на ентериерите уредени во индустриски стил имаат свое посебно прибежиште во Рим. Пицеријата „Kook“, проектирана од младиот дизајнерски тим од студиото „Noses Architects“, е простор што ги плени сетилата.

kook-11 (1) Kook_Restaurant_Noses_Architects_via_Stylejuicer15

Дизајнерите сакале да создадат простор што на едноставен начин ќе ги задоволи кулинарските желби и стилските вкусови на своите гости. Проектот за дизајнот е доверен на студениот бетон, загреан со топлината на дрвото. Во ентериерот се забележува постојано преплетување на бетонот и на дрвото, материјали употребени за мебелот, декорот, таванот и за ѕидовите.

_FIL8629 _FIL8674 (1)

Впечатливи елементи во просторот се врежаните ознаки и италијански изрази во бетонските ѕидни површини на ресторанот. „Beviamoci su“ ги охрабрува гостите да престанат да размислуваат и, наместо тоа, да почнат да пијат, додека старата италијанска поговорка: „Matto, furioso e privo di buon senso è chi del pasto non gode ogni senso“ го дефинира како луд и сосема лишен од здравиот разум секој што консумира оброк без да ужива во него со сите сетила.

KOOK-Restaurant-Noses-Architects4 (1) _FIL8671

Секој сегмент од ресторанот „Kook“ е со цел да го заскокотка вкусот и спомените на клиентите. Клучниот збор што е доволен за опис на ентериерот е ‘хармонија’. Во просторот на „Kook“ се наидува на бескраен спектар од детали – наметливи, како „Bianchi“ велосипедот што виси на ѕидот до античкото маслиново дрво, заштитено со стаклена кутија, и дискретни, како изложените цевки на мијалниците. Сите комуницираат меѓу себе во совршен индустриски, винтиџ-стил, кој во исто време е верен на медитеранскиот идентитет.

_FIL8589 _FIL8643 PORTADA (1) _FIL8634 _FIL8685 IW_KookRoma_9 _FIL8744 _FIL8746 [fb_button]

, , , ,