Проекти

Александра Павлоска

27 октомври, 2015

Шармантни ламби и лустери од бетон

concrete-lamps-by-renate-vos-on-clippings.com-lifestyle-coll

Бетонот е материјал што во рацете на креативците ги менува своите карактеристики и од груб и студен може да добие сосема нов елегантен и префинет изглед. Со својот исклучителен индустриски шарм, бетонот предизвикува голема заинтересираност кај љубителите на неконвенционалните материјали што ја поседуваат моќта да се трансформираат.

ira_pendant_concrete_lb2 ira_pendant_concrete_lb4

Бетонската висечка светилка од колекцијата „Ira“ на дизајнерот Harrier Grey се карактеризира со чисти линии и со елегантни хромирани детали што ѝ даваат нерафиниран, сепак луксузен изглед. Едноставната убавина на бетонот, кој е спој од грубост и уникатни неправилности, дава урбан изглед на секој ентериер.

ira_pendant_concrete_lb3 ira_pendant_concrete_lb1

Подните и столните ламби, дел од истата колекција „Ira“, имаат уредна бетонска основа што ја истакнува природната груба убавина на материјалот. Со елегантното метално стебло и полутранспарентните абажури, овие светлечки тела се идеални за мали или за поголеми простории.

ira_floor_lamp_white_lb2_2 ira_floor_lamp_pink_lb2 ira_floor_lamp_harrier_grey_lb4_2 prodotti-66105-rele46e4fcecc5f4f14b3b2a1383265dde1 Portland_Concrete_Aqua_Pendant_01__82460.1366914454.1280.1280_1024x1024

Висечката светилка „Portland“ со својата пентагонална форма, која потсетува на скапоцената форма на дијамантот, е дизајнирана да се вклопи во секој простор. Креаторот Џејмс Бартлет, користејќи два материјали, бетон и гипс, во „Portland“ создал контраст помеѓу суровата надворешност и мазната, сјајна внатрешна завршница, достапна во црвена, тиркизна или во бела боја.

Portland_Concrete_Plaster_Pendants__09728.1366914467.1280.1280_1024x1024 Portland_Concrete_Red_Pendant_01__69031.1366914450.1280.1280_1024x1024 concrete-lamps-by-renate-vos-on-clippings.com-lifestyle-pend 4

Колекцијата светлечки тела, чиј креатор е холандската дизајнерка Ренате Вос, претставува иновативна комбинација на бетон и силиконска гума. Недефинираните граници помеѓу овие два спротивставени материјали прават фузија од мекоста на силиконската гума и цврстината на бетонот. Светилките испуштаат златна, топла светлина, која е уште еден контраст со индустрискиот изглед.

1860d1bece71c7577fd6edaf5bdd495d 560151a56a2c3d76e865699f64be6e76
[fb_button]

, , , , ,