Хотел

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

design.mk

23 октомври, 2015

Бетонски цевки реинкарнирани во хотел под ѕвездите

hotel tubos

Мексиканскиот хотел „Tubo“ внесува нова димензија во рециклирањето и во екодизајнот.  Екохотелот во шума во селото Тепостлан, недалеку од Мексико Сити, е изграден од или, подобро речено, во бетонски цевки. Освен што претставува одлично решение за реупотреба на старите непотребни бетонски конструкциии, елиминира кревање нови бетонзки градби во природа, хотелот со малку мов и диви тревки, кои ја освојуваат грубата сива површина, успева целосно да се вклопи во шумата и да стане дел од природната средина.

2075ef59f2c0603b48c194f29deb5853

Секоја цевка е посебна просторна соба  целосно опремена и уредена со комотен брачен кревет, што гарантира дека нема да се чувствувате како во конзерва за сардини. Хотелот располага со 20 соби поставени во пирамида формација од три цилиндрични цевки. Архитектите од „T3arc“, кои стојат зад проектот, ја избираат оваа формација со цел да се заштеди простор и да се внимава да не се врши преголем упад на природната средина бидејќи хотелот е сместен во шума.

tubohotel

Идејата била да се изгради финансиски економичен, еколошки хотел во кус временски рок за туристите во оваа област, а инспирацијата за концептот доаѓа од австрискиот архитект и дизајнер Андреас Штраус, кој прв дизајнира хотелски соби во бетонски цевки познати како „Das Park Hotel“. Разликата помеѓу концептот на Штраус и оној на мексиканските архитекти е вратата на собата.  Додека Штраус бира дрвена, „Т3arcпоставуваат стаклена врата за отворен, панорамски поглед на планинскиот масив Сиер дел Тепостеко, една од најпопуларните туристички точки во Мексико.

Tubohotel- Tepoztlan by T3arc the-tree-mag kutyd

Хотелот зафаќа површина од 220 метри квадратни. Изградбата траела три месеци. И покрај специфичниот дизајн, кој го прави атракција сама по себе, хотелот нуди евтини цени за преноќување, поради што е дополнително популарен кај туристите заинтересирани за авантура и за прошетки што не бараат нешто повеќе од чиста и удобна соба на нивното патешествие низ Мексико.

tubohotel2
[fb_button]

, , , , , , ,