Дом

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

5 декември, 2015

5 трикови како малите простори да изгледаат поголеми

Collage

Уредувањето на малите домови и простори честопати претставува поголем предизвик за дизајнерите, отколку уредувањето на големите и пространи домови. Ова се случува бидејќи малите домови се одликуваат со простори кои се тесни и ограничени и бараат внимателно, вешто и стратешко обмислување на дизајнот со цел да се извлече максимумот од нивниот ентериер.

Оттаму дизајнерите и архитектите започнаа со развивање на дизајни со кои преку применување на различни трикови и инвентивни солуции со кои малите домови добиваат отворен, визуелно поголем простор кој е еднакво удобен за домување како и оној на пространите домови.

Бел ентериер

Основната бела боја ја има способноста да ги замагли просторните граници во домот и да создаде илузија за поголем и поширок простор. Бојадисувањето на сите ѕидни површини, исто така, внесува посебна светлина и сјајност во домот.

4 26fd926f9d8e29c3e61cc52ad5de43e2 ff

Огледало

Еден од поедноставните и лесноизводливи трикови што ќе направи просторот да изгледа поголем е огледалото. Овој декоративен и воедно функционален елемент е идеална солуција за оние што сакаат големи огледала и големи простори.

7 6 9

Парчиња мебел со изложени тенки ногарки

Ваквиот тип елементи има специфични квалитети и способност да му даде на просторот слобода и ширина. Со вметнувањето помали парчиња мебел со тенки ногарки што не заземаат многу простор во дневната соба или, пак, шкафчиња со ногарки во кујната ќе добиете поголема визуелна отвореност во просторите.

13 12 11 14 15

Килим во пруги

Килимот во пруги во која било комбинација од бои дава сосема поинаква перцепција за просторот и неговите димензии. Со килимот во линии малиот простор може визуелно да се издолжи или прошири во зависност од неговото поставување.

20 18

Прозорци без завеси

Завесите со својата мултифункционалност како декоративен и истовремено практичен елемент што внесува доза приватност во домот од многу одамна на многумина им се омилен елемент за домот. Но дизајнерите сè повеќе избегнуваат да ги вметнат во просторите бидејќи понекогаш во малите домови токму тие се виновниците за затворениот, тесен и темен изглед.

3 1 2
[fb_button]

, , ,