Дом

Design.mk

13 декември, 2015

Удобна домашна и работна атмосфера во светла индустриска мансарда

tumblr_n9r8sip6uE1qatzh4o1_1280

Замислете ја атмосферата: врнежлив викенд, а вие во кревет со добра книга или филм под стаклениот покрив на оваа индустриска мансарда. Го слушате нежното удирање на капките на покривот и нивниот весел танц додека игриво се лизгаат низ стаклото. Понекогаш само мансардите со својата дискретна локација под покривот може да го овозможат ова релаксирачко уживање во дождот. Во овој привлечен индустриски дом мансардата креира беспрекорна дизајн-сложувалка на целиот простор.

ac2b02_5b2cc21211d94a4294b6a1bf133c57de

Отворениот простор лесно дише. Просторот е поделен на работниот дел кон кој водат скалите и дел за одмор и релаксација под скалите, каде што се дневната и спалната. Архитектите при уредувањето на просторот работниот дел го креирале како катче што нуди „работно релаксирање“. Работната маса е споена со забавна релаксирачка лулка, па, така, во куса пауза од работните обврски или по целосно завршување на работните обврски, може да се ужива во малиот луксуз што го нуди лулката.

1193125_46668_large

Кон пространоста на целиот апартман и, пред сè, на спалната соба, придонесува високиот таван. Во делот кај спалната соба, и прозорците визуелно го зголемуваат просторот. Погледот што го нудат прозорците е целосно искористен бидејќи и делот над миниплакарот во спалната е трансформиран во спонтана софа, погодна за читање или за мечтаење додека се гледа кон урбаниот пејзаж.

Gösterişli-Yatak-Odası-Tasarımları-15 1193125_46670_large 1193125_46660_large

Дневната соба е пријатна и удобно уредена со отомани и клупа со меки перници. Отоманите заедно со дрвената маса, освен што се дел од дневната соба, имаат функција и на минијатурна лежерна трпезарија што ги дели дневната соба и кујната. Во кујната кај пултот се вметнати буре и табуретка што може да послужат за одмор, јадење и за приготвување храна.

2283_dizayn_interera_04 1193125_46665_large

Во целиот ентериер има интересни дизајнерски идеи за вметнување практични елементи за складирање на работите и гардеробите што го прават просторот посреден и удобен. Ова се забележува во дизајнот на скалите, кои во себе имаат вградено складови, кај клупата во трпезаријата, која исто така има интегриран склад, но и кај страничниот ѕид, кој е трансформиран во симпатична минијатурна винска визба.

ac2b02_5b2cc21211d94a4294b6a1bf133c57de 1193125_46663_large
[fb_button]

, ,