Улична уметност

Design.mk

26 февруари, 2016

Креативниот двор на Радио МОФ

IMG_9901

Младинското радио МОФ веќе пет години ја бранува македонската медиумска сцена со сериозни новинарски содржини и алтернативна медиумска програма која го задоволува вкусот и на младата, но и на постарата публика и работи кон промоција на младинската, културната и креативната заедница.

Radio MOF rodenden

Радиото кое изминативе пет години беше присутно на сите големи настани, иницираше дебати на бројни теми со цел поголема едукација и активирање на младите, вечерва од 21 часот го слави својот петти роденден со голема отворена забава во новоотворениот простор на Кино Култура.

Покрај нивните содржини, иницијативи и идеи, она што е еднакво интересно е и просторот во кој работат. Зелениот двор пред канцелариите на Радио МОФ е прекриен со шаренило од забавнi графити, дело на дизајнерката и една од најпознатите графити уметници кај нас, Руки.

IMG_9900 IMG_9902

Со забавни карактери со топли бои, во стилот на Руки, графитот асоцира на новинарската работа и истражувањата на кои се посветени новинарите на Радио МОФ. Целиот мурал создава сончева, младешка атмосфера и го разубавува зелениот простор каде новинарите и гостите се релаксираат на паузите во топлите денови.

IMG_9905 IMG_9904

Како што велат самите Радио МОФ со своите содржини и работа успеале да се пробијат и да креираат медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница во услови каде на младите им е ограничен пристапот и просторот до медиуми за отворено изразување и дискусија.

„Годините зад нас беа одлично искуство, исполнето со многу подеми и падови. Започнавме доста наивно, сметајќи дека водењето младински медиум е доста лесна работа. Учевме од нашите грешки и ниту една препрека не нѐ спречи во намерата да создадеме слободна младински станица. Ни требаше време за да сфатиме дека кул музика не е единствената состојка во формулата за добивање на довербата кај младите. Низ годините научивме да правиме директен видео пренос од бројни настани, отстапивме простор за повеќе од 60 емисии водени од над 150 волонтери, направивме супер конференции каде што се славеше слободната мисла, создадовме тим со посветени новинари, го споделивме нашето знаење со младите од цела Македонија. Денес гордо може да кажеме дека Радио МОФ е еден од највлијателните младински медиуми“, велат од радиото во најавата за нивниот роденден.

Забавата за петгодишнината на Радио МОФ започнува во 21 часот, а влезот е слободен и бесплатен за сите.

Radio MOF rodenden 2 [fb_button]

, , , , , ,