Приватна куќа

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

9 март, 2016

„El Mirador“, куќа што се претопува во природата на Вале де Браво

3

Архитектонските зданија на посебен начин воспоставуваат комуникација со луѓето и со природата. Деликатно извајана од локални материјали – камен, дрво и метал, куќата „El Mirador“ се соединува со густиот природен пејзаж што ја прегрнува. Сместена на благоиздигнато земјиште во Вале де Браво, Мексико, удобната семејна куќа со коњушница е извонредно архитектонско дело на „Manuel Cervantes Cespedes“ и „CC Arquitectos“.

7

Со идејата за грандиозна семејна куќа што ќе се претопи во недопрената природа на Вале де Браво, архитектите креираат архитектонска градба со дискретна форма и материјали. „El Mirador“ се камуфлира во густото зеленило со својата форма, дише како едно со природата  како удобен и релаксирачки дом среде природа.

8 2 1

Архитектонската структура на куќата се отвора кон природата и нуди воодушевувачка панорамска глетка кон спокојната природа околу неа. На овој начин ентериерот и екстериерот суптилно се споени и стануваат една заедничка целина.

9 17

 

Пространиот ентериер, како и екстериерот со удобна голема тераса под небото се намерно изведени од истите локални материјали, уредени со современ мебел и декор со земјени бои што придонесуваат за хармоничната комуникација помеѓу архитектурата и природата.

11 13 15
[fb_button]

, , ,