Образовен објект

Design.mk

4 март, 2016

„Flower + Kindergarten“, градинка со разиграна фасада и колоритен ентериер

© Kyungsub Shin

„Flower + Kindergarten“ е градинка со современа архитектонска структура, која ги турка границите на типичниот стил на конструкција на градинки и вообичаените дизајн-стандарди во Сеул, Кореја.

Со основната цел да ги преброди вообичаените проблеми кои се однесуваат на едукативните зданија во Сеул, архитектот Jungmin Nam го реализираше проектот за дизајн и изведба на градинката „Flower + Kindergarten“. Инвентивниот проект за детската градина ги истражува архитектонските можности и потенцијални решенија за изведба на подобри едукативни објекти во малите, но густи земјишта што се соочуваат со типичните проблеми во Сеул.

© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin

Современата градинка е сместена на неколку чекори до нов станбен комплекс и два зелени паркови со кои се идеален простор за рекреација и одмор на децата коишто ќе учат во неа. „Flower + Kindergarten“ е со дизајн обмислен да соодветствува на урбаниот контект во овој дел од градот, каде што постојано се градат станбени единици, а недостасуваат педагошки објекти во нивна близина.

© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin

Градинката се одликува со современ дизајн на екстериерот кој воспоставува интеракција со децата и природниот контекст. Впечатливата фасада е изведена со панели кои формираат интересни „џебови“ кои создаваат вертикални градини на градинката. Со овие природни „џебови“ градинката добива посебен природен шмек кој изнудува насмевки кај децата и кај родителите. „Flower + Kindergarten“ е замислена да создаде пријатен, пријателски и лежерен амбиент за децата кој ќе ја стимулира нивната креативност и едукација. Вештиот дизајнерски потег за креирање на вертикална градина на фасадата на градинката создава и можност за рекреација на децата кои како магепсани ќе трчаат да ги навадат шарените цвеќиња и да направат букет за родителите или воспитувачките.

© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin

Ентериерот на „Flower + Kindergarten“ е еднакво привлечен и забавен како и цветната фасада. Секој спрат од објектот се состои од три големи училници и еден мултифункционален простор кој служи за играње и меѓусебна дружба на децата. Сите простори се дизајнирани и уредени во различни бои со цел да се понуди подобра организација во градинката.  На овој начин е создаден динамичен и разигран амбиент во кој децата во секој момент ќе можат лесно да се ориентираат и да го најдат патот до секое катче. Целиот ентериер е акцентиран од изобилството на дневна светлина и свеж воздух овозможени од многуте прозорци со различни големини распрскани низ целата површина на фасадата.

© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
© Kyungsub Shin
[fb_button]

, , , , , , ,