Осветлување

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

9 март, 2016

Индустриски лустери со поелегантен лик

3

Студиото за дизајн „Industrial Facility“ на Неделата за дизајн во Стокхолм изминатиот месец претстави колекција лустери со ретроиндустриска естетика. Инспирацијата за едноставните флуидни форми на лустерите доаѓа од формите на светлата и лустерите во индустриските магацини и работилници низ светот, меѓутоа под дизајнерската палка на  „Industrial Facility“ тие добиваат поотмен изглед.

4 2

Едноставни и лесни, со отмени бои, лустерите именувани како „w162 Dalston“ се издвoјуваат со својата основа од алуминиум и стакло, со сјајни или мат-завршници во широк спектар бои и нијанси. Лустерот се состои од два посебни дела, абажурот и делот за закачување на сијалицата, со што се дозволува полесно приспособување на висината на лустерот во зависност од атмосферата што се цели да се постигне во ентериерот. „Dalston“ може да вметнат во ентериерот самостојно и во група, со цел да се долови посакуваната понежна или посилна светлосна атмосфера во ентериерот.

1

Името на лустерот доаѓа по лондонскиот кварт Далстон, некогашен дом на голем број фабрики и индустриски магацини, кој сè повеќе се гентрифицира, заменувајќи ги индустриските со станбени и комерцијални објекти.

5 6
[fb_button]

, , ,