Кафуле

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

10 март, 2016

„Marni Flower Café“ – удобен, шарен и миризлив концептуален простор

7

Исклучителен стил и чувство за современа естетска автентичност се чита во секој производ и парче на италијанскиот бренд за облека „Marni“. Ова го докажува и новоотворената концептуална продавница, кафе-цвеќарница и бутик „Marni Flower Café“.

3

Концептуалната продавница, прва од овој тип, на италијанскиот луксузен бренд, е сместена во стоковната куќа „Umeda Hankyu“ во јапонскиот комерцијален центар Осака. „Marni Flower Café“ дава живот на нов концепт, создаден да им понуди на своите обожавачи поинаква станица за средби на која ќе можат да дегустираат традиционални италијански деликатеси, да купат ексклузивни производи од „Marni“ и да се нурнат во аромата на разнобојните миризливи цвеќиња.

6

Распространета на површина од 50 метри квадратни, „Marni Flower Café“ е кафе-цвеќарница дефинирана од хармоничен баланс од форми, материјали и бои. Во малиот симпатичен и освежувачки простор преовладува спој од бои и материјали – шанк од оникс со зелени линии, разнобојни метални панели, проткаени ПВЦ-столови, долга елегантна сина кадифена софа и масички од мермер и бакар со различни асиметрични форми, кои си поигруваат со геометријата и создаваат контраст со дрвениот под.

2

Клучен елемент во дизајнот на концептуалниот простор на „Marni“ е желбата да се креира нов простор каде што посетителите ќе може да уживаат во пријатен разговор, во добра книга и кафе по купувањето цвеќе или парче облека од овој луксузен бренд.

1 5
[fb_button]

, , , , , ,