Моден дизајн

Design.mk

8 март, 2016

Нов спортски часовник на „Fitbit“

5

Спортските часовници и педометри „Fitbit“ веќе подолго време се вистински хит и додаток што го посакуваат и оние поактивни, но и оние спортски помалку активните. Интересниот дизајн на овие часовници заедно со и многубројните функции, меѓу кои лесното мерење на чекорите, инспирира поголема физичка активност на оние помалку активните.

1

Компанијата неодамна излезе со дизајн на нов спортски паметен часовник „Fitbit Blaze“ со современ дизајн, кој го прави соодветен и за лежерни и спортски, но и за поформални работни услови. „Fitbit Blaze“ е функционален и практичен часовник за спортување и стилски моден додаток за дневните и за вечерните излегувања.

2 3

Часовникот е во чекор со современиот дизајн и со новата технологија, дизајниран е да функционира преку blutooth поврзување со мобилен телефон или таблет и претставува личен тренер што ја мери поминатата далечина и согорените калории на корисникот. Кога не се користи како фитнес-тренер, „Fitbit Blaze“ едноставно се вклопува во секојдневниот моден стил како елегантен моден детаљ.

4 [fb_button]

, , , , ,