Деловен објект

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

1 март, 2016

Реновирана административна зграда на холандската влада во Хаг

Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon

Холандското архитектонско студио „Cepezed Architects“ неодамна го заврши проектот на обнова на една од административните згради на холандската влада „De Resident“ во Хаг. Студиото во соработка со дизајнерите од „Hofman Dujardin“ и инженерската фирма „Antea Group“ изврши драстично освежување и измена на зграда со цел да им понуди на холандските административци покреативен, посовремен и пријатен простор за работа.

Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon

Реновираниот објект има светли ентериери, поведри бои и поотворени, транспарентни простори за работа што поттикнуваат поголема соработка. Архитектите при проектирањето на новите простори се воделе од идејата за деловен објект каде што ќе се спојат две работи- намалувањето на државната администрација што е тренд во Холандија и новиот начин на работа и новиот тип поотворени и покреативни канцеларии, кои овозможуваат простори за социјализација и неформални работни состаноци што може да помогнат да се поттикне поголема ефикасност на администрацијата.

Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon

Објектот спојува две згради високи по 14 и 20 ката и вкупен простор од 55000 метри квадратни, во кои се сместени различни министерства. Со процесот на обнова, двата објекти се меѓусебно поврзани.

Она што воодушевува штом се погледне ентериерот е мостот што води до различните катови. Мостот потсетува на бродска палуба, со полукружна завршница, разгранувајќи се на различните страни од објектот и нудејќи поинтересна опција за преминување од еден сектор во друг. Мостот е долг седум, а висок 20 метри. Изведен е од челични греди и прекриен со стакло.

Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon

Атрумот каде што се наоѓа мостот претходно бил отворен надворешен, но темен простор што сега е затворен и осветлен, креирајќи посветла работна атмосфера. Тука се наоѓа и големо заедничко кафуле каде што вработените може да се дружат и да одморат на паузата.

Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon

На катовите се распоредени различните канцеларии, дел од нив отворени во „океан“ стил, други, пак, затворени во еден вид стаклени кутии, погодни за формалните состаноци. На пониските катови се наоѓаат сали за состаноци, места за краткорочно работење, образовен центар, библиотека, кафуле и ресторан. Повисоките катови, пак, се трансфомирани од затворени канцеларии во отворени, океански простории за колективна работа. Секој кат има своја дневна соба за одмор на вработените.

Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
Фото: ©Cepezed | Léon van Woerkom, Matthijs van Rhoon
[fb_button]

, , , , , ,