Културен објект

Design.mk

6 март, 2016

Старата и современата архитектура испреплетени во објектот на „The Royal Ontario Museum“

The-Royal-Ontario-Museum-Toronto

„The Royal Ontario Museum“, лоциран во Торонто, е еден од најголемите и најспектакуларните музеи во Северна Америка. Историскиот објект изграден во 1912 година е исполнети со над 6 милиони експонати и претставува културна и туристичка атракција за над милион посетители секоја година. Меѓутоа, покрај експонатите, она што го прави музејот навистина посебен е неговата уникатна архитектура што ги спојува класичното и современото.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA 9148431238_4d4b9a18d8_o

Старата зграда на музејот доби нова екстензија во 2007 година. Доградбата кон постојниот објект е нова современа зграда именувана како „The Crystal“, фасцинантен објект со интересна архитектура, која нуди дополнителен изложбен простор и покажува како хармонично може да постојат старото и новото.

ROM_Crystal_interior_02_knees

„The Crystal“ е модерна компилација од челик обложен со алуминиум и стаклени панели и создава пет асиметрични волумени, кои прават музејот да изгледа како кристал што се издигнува од земјата и ја имитира природната убавина.

August 26- 2008-portfolio-IMG-2_1140

Иако ентериерот на музејот во кој се споени четири крила посветени на археологијата, геологијата, минералогијата и палеонтологијата, навидум делува минималистички, тој е спој на внимателно декорирани заоблени тавани, уникатно обликувани прозорци, форми позајмени од природата и природна светлина што отскокнува од ѕидовите, осветлувајќи го секој аспект на зградата како дијамант.

4933800026_d99027b176_b OLYMPUS DIGITAL CAMERA Royal_Ontario_Museum_5 Royal-Ontario-Msueum-project [fb_button]

, ,