Дом

Design.mk

9 март, 2016

Светол дуплекс уреден во скандинавски стил во Њујорк

3

Кога ќе се спомене ентериер во Њујорк, мислата често оди кон идејата за ѕид од црвени тули. Овој бел апартман, проектиран од архитектонското судиото за дизајн на ентериери „NYC Interior Design“, претставува исклучок на тој ентериерен стереотип.

1
© NYCID.COM

Современ, светол и релаксирачки, овој дуплекс во Големото јаболко е изведен со бели тонови и елегантен мебел. Во суштина се работи за реновирање на стар стан. Во новиот ентериер се направени големи промени од корен. Изведени се нови бели подови од дабово дрво, кои во спој со чисти бели ѕидни површини и парчиња мебел со неутрални бои го прават апартманот пријатен и релаксирачки за живеење.

© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM

Просторот со површина од 232 метри квадратни е организиран на два ката, од кои првиот има дневна соба, трпезарија, кујна, две спални соби и две бањи, додека, пак, на вториот се поставени друга спална соба, работна канцеларија и бања.

© NYCID.COM
© NYCID.COM

Секој простор во пространиот светол дуплекс се истакнува со свежа скандинавска естетика и со индустриски детали. Белите ѕидни површини се надополнети и освежени со сиви и црни декоративни елементи како минималистичките ламби, перничиња, клуб-масички и огледалото во ходникот, кои креираат контраст на белата палета бои и внесуваат динамика во целиот простор.

© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
© NYCID.COM
[fb_button]

, , ,