Урбан дизајн

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

1 март, 2016

Товарни камиони разубавени со уметнички мурали

1

Проектот „Truck Art Project“ е плод на креативната соработка помеѓу Jaime Colsa, сопственик на шпанската компанија за транспорт „Palibex“, и уметничката галерија „iam Gallery Madrid“. Идејата и целта на иновативниот проект е од непривлечните и безлични лица на товарните камиони да се создадат современи и неконвенционални уметнички дела.

6 4 2

За реализацијата на проектот „Truck Art Project“ досега беа вклучени низа познати улични уметници и артисти од Шпанија, меѓу кои Javier Arce, Suso33, Okuda San Miguel, Abraham Lacalle, Marina Vargas,Javier Calleja и Daniel Muñoz. Креативците имаа за задача да ги „дотераат“ екстериерните лица на 10 товарни камиони и да ги трансформираат во подвижни галерии. Резултатот се уникатни уметнички камиони што ќе „прошетаат“ на патиштата низ  Шпанија претставувајќи интересни уметнички мурали, дела на познати графитџии и уметници.

7 3 5
[fb_button]

, , , , , ,