Хотел

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

9 март, 2016

Забавен хотел за домашни миленичиња

©SMS Design

Домашните миленичиња удобно се одмораат и си играат во веселиот ентериер на хотелот за миленици „Petaholic Hotel“ во Тајван. Додека нивните сопственици се на патување каде што не можат да ги земат со себе, а и кога не може да се повика на помош пријател, милениците може да бидат оставени во овој специјализиран хотел, со специфично уреден простор и активности за нив.

©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design

Хотелот за миленици е работен по проект на архитектите од студиото „SMS Design CO“, кои тежнееле да се креира минималистички и практичен простор, со пријатен амбиент, едноставни бои, кој ќе нуди и пристоен простор за одмор на милениците, но и елементи што ќе им бидат интересни за секојдневната игра. Ентериерот изобилува со разиграни бои и геометриски форми и за местата за престој и за оние со игра. За мачките се поставени специјални инсталации по кои може безбедно да се качуваат, шетаат и да одморат. Топлите нијанси на жолтата и портокаловата, комбинирани со контрастната зелена боја и завршниците од природно дрво, се поврзуваат во забавна визуелна композиција што потсетува на домашен амбиент.

©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design

Целиот хотел е доброосветлен, простран и одговара на потребите на милениците. Со помош на блокови, ентериерот е поделен на простор наменет за спиење и релаксација, каде што се сместени „собите“ и отворено игралиште.

„Petaholic Hotel“ има одделни крила за згрижување кучиња и мачиња, низ кои слободно може да „лудуваат“, да играат со играчките или да се излежуваат на удобните перничиња поставени во секое ќоше, сè додека нивните сопственици повторно не ги вратат дома.

©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design
©SMS Design
[fb_button]

, , , ,