Станбена зграда

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

6 март, 2016

Зграда во Сиетл инспирирана од стар кино-комплекс

2

Изградено во 1963 година, киното „Cinerama Theater“ се смета за едно од главните култни обележја и туристички точки на Сиетл. Овој кинокомплекс е еден од ретките во градот што барем на неколку часови своите посетители ги враќа во времето на стариот холивудски гламур и филмска магија.

1 6

Безвременскиот шарм и привлечност на киното „Cinerama“ послужиле како инспирација за изградба и уредување на модерната зграда „The Martin“ во Сиетл. Висока 24 ката, „The Martin“ има 190 раскошни апартмани со луксузно уредени ентериери, гостински апартмани, бизнис и фитнес-центар.

5 4 7

Обидувајќи се да ја оживеат магијата на 60-тите и 70-тите години, становите дизајнирани во соработка со проектантското студио „Robin Chell Design“ имаат класичен декор и детали од холивудската ренесанса. Блескавото осветлување во европски стил и ѕидните тапети од текстил внесуваат уникатност во секоја соба,  додека оригиналните уметнички дела и индивидуално прилагодениот мебел внесуваат романтично-уметничка нота во ентериерот што потсетува на врвен луксузен хотел.

10 11

Она што ја прави оваа станбена зграда посебна е фактот што домашните миленичиња се добредојдени во секој дел од објектот, пружајќи им посебен третман, преку спа-центарот за домашни миленичиња и паркот за шетање во склоп на комплексот.

9
[fb_button]