Вечерва во 20 часот во Националната галерија „Чифте Амам“ се отвора 8-та годишна изложба на студентите при Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје.На изложбата ќе бидат претставени архитектонски дела и проекти на студентите по архитектура и дизајн во текот на академската 2016-2017 година. Изложбата претставува одлична можност да се погледнат креативните идеи и размислувања на младите студенти и идни архитекти и дизајнери.