Big data урбанистичките визуелизации сеуште се чинат како белешки испратени од Утопискиот град. Според некои од принципите на Big data урбанизмот, податоците и компјутерските технологии имаат можност да ја обработат урбанизацијата и во иднина ќе ги трансформираат нашите градови во респонзивни средини преку респонзивни средства. Осврнувајќи се на фактот дека за прв пат во историјата на човештвото повеќе од 50% од популацијата живее во градовите, развојот на алатки кои ќе ги обработуваат (невидливите) податоци од градскиот контекст се чини неопходно. Резултатите од ваквите анализи можат да бидат дополнителни аргументи на кои ќе се развиваат урбан дизајн и урбанистичките интервенции. Сепак множеството на професионални планери се поделени во мислењата во однос на овие алатки, најмногу и заради фактот дека и самото нивно создавање е сеуште во експериментална фаза. Од друга страна тоа отвара и широко поле на инспирација и можности за експериментирање во новото откривање на значењата на градот. Комплексноста на мегалополисите, културната географска разновидност и неможноста на градот да се носи сам со себе се основа за развитокот на big data урбанистички платформи.Урбаниот простор денеска е исполнет со дигитални мрежи и системи кои создаваат информации кои ги претставуваат човековите активности. Дигиталните информации во градот постојат на многу различни места и во различни домени, што доведува до потребата да се размислува за апликации и платформи за обработка на податоците за да се сублимираат различни белешки за стилот на живеење на граѓаните. Во рамките на „Senseable CIty Lab“ на Massachusetts Institute of Technology се развиваат различни платформи за обработка на податоци од градовите кои се случуваат во реално време. Една од платформите која се занимава со градот како дигитален јавен простор и ги обработува трагите на урбаните податоци од живиот простор е проектот LIVE! Singapore. Тој е развиен како отворена платформа за собирање, комбинација и дистрибуција на голем број на податоци од извори во реално време, подржувајќи ги заедниците во развој да ги користат како цивилни алатки.Сингапур е еден од идеалните контексти за спроведување на вакви анализи за истражување и експериментирање од повеќе причини. Пред се, Сингапур расте урбано динамично и претставува град држава со значително концентрирано население. Оваа територија ја фаворизира технологијата, од 2010 година има пенетрација на мобилната телефонија од 143.6 проценти. За да добиеме реална претстава за како граѓаните го користат градот треба да пристапиме до создавањето на начини за обработка на податоците кои ги генерираат различни корисници. Дел од мотивациите за анализа и синтеза на податоците и нивно враќање повторно кон луѓето кои ги создаваат истите се стимулацијата на економски, научни и едукативни иновации, како и промоцијата на граѓанската партиципативност и намалување на трошоците на владата. Live Singapore се темели на креативниот потенцијал на градовите и неговите жители, овозможувајќи на различни просторни професионалци да користат податоци директно од платформата. Тие собираат три вида на различни информации. Првите се податоци кои се продукт на постоечки мрежи, вториот тип се податоци собирани со тагови или сензори и третиот, податоци кои активно се споделуваат помеѓу луѓето. Платформата е структурирана на тој начин што прави стримовите на податоци да бидат достапни за граѓаните без да ги меморира и да гради база на нив. Преку оваа платформа се создаваат т.н. „лупови на повратни информации“, односно податоците се затворени во континуитет. На пример кога некој граѓанин го користи јавниот транспорт, се регистрира во мрежата преку отчукувањето на картата. Тоа создава пакет на информации за тоа кога граѓанинот започнал да ја користи мрежата, колкава е густината на користење на сообраќај, кога завршува со користењето на мрежата, како и да даде одреден фидбек за јавниот сообраќај. Теоретичарот за урбано планирање Џон Ф. Форестер објаснува дека во систем кој се темели на лупови на повратни информации, условите се претвораат во информации кои се база на одлуки кои ги контролираат активностите и кројат одредена околност. На тој начин не зборуваме за почеток или крај на податоците бидејќи тоа  претставува еден ист круг.Визуелната обработка на big data е примамлива за граѓаните и од тоа зависи колку ќе можат истите да ги користат податоците. Од визуелизацијата зависи доброто разбирање на реалната ситуација и перцепцијата на моменталната состојба во градот, таа ги привлекува набљудувачите да ја користат платформата и ги прави податоците лесни за интерпретација. LIVE ! Singapore се фокусира на правење податоци од реално време достапни за граѓаните. Во оваа смисла се развиваат прототипи кои се споделуваат со јавноста за да се инспирира јавна дискусија за потенцијалот на развивање на податоци за планирање, менаџмент и живеење во градот. Под оваа платформа МИТ развива 3 апликации. Една од нив наречена Touching bus rides се развива преку фокусот на користењето на автобуската мрежа.Развојот на визуелизацијата на урбаните системи со податоци е втемелена на тоа како да се разоткријат информациите кои секако постојат во градската средина. Big data урбанизмот овозможува професионалци од различни дисциплини да се отворат кон нов домен на дискусии и креативно размислување. Резултатите на Touching Bus Rides резултира со идеи и развиток на три вида на дополнителни апликации: создавање на динамични автобуски траки кои се активираат во однос на активирањето на бројот на патници заглавени во сообраќај, основање на динамични брзи траки кои ќе направат поврзување помеѓу различни далечни станици и креација на динамични информативни табли на самите автобуски станици за да ги информираат граѓаните. Овој тип на информации и анализи е слој плус на постоечките анализи кои ние професионалните просторни планери ги изработуваме при разбирањето на одреден контекст. Планирањето на иднината на градовите секако носи голем потенцијал и можности најпрвин во тоа какви платформи да создадеме и потоа како да ги користиме добиените информаци. Креативниот потенцијал на моделирањето на big data овозможува будење на нови размислувања за кроење на урбаното ткиво според начините на кој истиот се користи.

*Александра Шекутковска е урбан дизајнер и основач на колективот за урбан дизајн „TheURBCLV