Интересот на меѓународната архитектонска фела на 14 и 15 октомври ќе биде завртен кон Загреб каде годинава по 17-ти пат ќе се одржи архитектонскиот симпозиум „Денови на Орис“. На реномираниот архитектонски настан, кој е се одржи во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во срцето на Загреб ќе говорат познати светски архитектонски имиња  како данското студио „ Schmidt Hammer Lassen Architects“ и шпанските архитекти „RCR Arquitectes“ пред регионалната и светската архитектонска фела, отворајќи и оваа година прашања кои се клучни и интересни за архитектурата денес.

„Денови на Орис“ е во организација на  „Орис-Куќа на архитектурата“, а самата организација и настан се плод на успехот на познатиот хрватски архитектонски магазин „Орис“ кој излегува веќе 19 години. На овој архитектонски симпозиум изминатата деценија предавале глобално експонирани светски архитекти, но и радикални и експериментални автори. „Орис“ досега пречекал повеќе од 250 предавачи од целиот свет, овозможувајќи и на домашната, но и на странската публика да слушнат предавање од врвни архитекти.Годинешните учесници на „Денови на Орис“ ќе имаат можност да ги слушнат искуствата и да разменат идеи со предавачите „RCR Arquitectes“ од Шпанија, данските виртуози „Schmidt Hammer Lassen Architects“, словенечките архитекти „OFIS arhitekti“, италијанскиот архитект Валтер Ангонезе, хрватскиот архитек Давор Матековиќ, познатото јапонско архитектонско студио „Go Hasegawa“, реномираниот хрватски архитект Ведран Мимица и белгиските архитекти „Architecten de vylder vinck taillieu”. Посебен гостин е архитектон Крешимир Дамјановиќ, добитник на наградата „Shinkenchiku“, која ја доделува култното јапонско архитектонско списание „А+U“.

„Денови на Орис“ изминативе 17 години стана една од најистакнатите архитектонски збиднувања на Балканот и во Европа, место каде со врвни архитектонски имиња во два дена може да се разговара и разменуваат идеи за актуелната ситуација и насоките во кои се движи архитектурата. Изборот на предавачи и нивниот одзив се резултат на меѓународниот углед на магазинот како и на мрежата на соработници и автори која Орис ја изгради со текот на годините.

Повеќе информации за архитектонскиот симпозиум, како и билети за учество може да се најдат на следниот линк.