Младинскиот Културен Центар во Скопје од неодамна има нов авантуристички простор за најмладите – забавен детски лавиринт за дружба и креативно истражување. Инсталацијата именувана како „Дете и простор“ е дело на се архитектите Дејан Ивановски, Зоран Ѓурески, Екатерина Намичева, во соработка со Мицевска Памела и Димитар Русомаров.Новата детска инсталација на платото пред МКЦ потсетува на мал детски лавиринт, исполнет со бесконечни можности. Архитектонската инсталација претставува спој на можноста за развивање на детската креативност, забавата, детската игра и едукацијата, кои се клучни елементи за развој и социјализација на децата. Најмладите кои ќе уживаат во лавиринтот може едноставно безбедно да трчаат низ него како дел од детската игра во паркот пред МКЦ, да замислат дека е дел од некоја имагинарна авантура, да играат и да се запознаваат со други деца низ играта во него, а истовремено и преку начинот на кој е изведен лавиринтот да го запознаваат просторот околу себе. Детскиот лавиринт е изработен и поставен пред МКЦ во рамки на фестивалот за креативни уметности “Скопје Креатива 2018“.

Фотографии: Скопје Креатива 2018