Фото: ТВ Телма

“Дигиталното зачувување на податоците и нивното архивирање се едни од поголемите предизвици на 21-виот век. Нашето културно наследство, модерните научни сознанија, секојдневната трговија и владата се потпираат на зачувувањето на релевантни и автентични електронски докази и дигитални објекти. Основните архивирачки принципи мора да бидат вградени во креирањето на информациите, додека создавачите на информации треба да ја препознаваат потребата да се вложи во одговорност кон дигиталните информации со кои менаџираат. Архивирањето, како и алатките за заштита на истото, треба да станат сеприсутни доколку општеството сака да ја задржи својата меморија во дигиталната ера.” -Хелен Р.Тибо

Фото: ©ТВ 21

Овој текст и истражување се посветени на пожарот во кој изгореа бараките на Заводот за Урбанизам и Институтот за политички студии во Скопје, на 21 април 2017. Во недостиг на многубројни квалитетни истражувања и публикации, скромниот број на печатени изданија и макети во Македонија посветени на архитектурата и урбанистичкото планирање ги прави особено уникатни. Понекогаш истите е тешно да се најдат, поради што подршката за нивно правилно архивирање од соодветни институции и факултети е од особено значење. Се чини дека нашето пишано наследство во оваа област се доживува во два сосема спротивни екстреми, едниот кога е соодветен ексклузивитет на одредена институција и не е отворено за јавноста и индивидуалците, а другиот кога е оставено на целосна немилосрдност како во неодамнешниот случај со пожарот. Тоа не поттикнува на размислување за тоа како минатите и идните колекции и публикации треба да бидат менаџирани и достапни како информација и за пошироката публика. Кога ги гледам фотографиите од настанатиот пожар и сето она што е уништено (за кое допрва ги чекаме објективните податоци), она што не допира е и малата заинтересираност пост-настанот да се направи нешто за она што останало. Од друга страна ја доживувам завршната сцена од “Фаренхајт 451”, кога Грангер му објаснува на Монтаг за природата на комуната и како секој од нејзините членови одбира книга што ќе ја запомне на памет. Откако личноста ја меморира целосната книга, таа/тој ја гори за да се заштити од тоа да биде уапсен од властите. Од тоа време натаму, секоја приказна/книга се пренесува вербално од една генерација на друга. Тоа можеби претставува една од стратегиите и за она што е останато од изгорените книги, секој од нас како професионалец од областа (секако отворено и за други истомисленици и почитувачи на автентичното), да згрижи една од изгорените книги, да ја проучи, можеби и да пронајде каде има нејзина копија, да ја скенира и да ја меморира дигитално. Одбивам да верувам дека ова е помалку важно, да се зачуваат остатоците, од шпекулациите за тоа кој го сторил пожарот, за неговата објективна штета и за просторот кој се создава во нашата колективна и лична професионална архива на домашно-интернационално ориентирано архитектонско и урбанистичко планирање.Аsia Art Archive“ е пример за независна непрофитабилна организација за дигитално архивирање иницирана во 2000 година како одговор на итната потреба да се класифицираат документи од повеќеслојните истории на уметноста во регионот. Нивната колекција може да биде пример за како да се погрижиме и за нашето архитектонско и урбанистичко наследство. Таа се состои од 85% донирани материјали и претставува обид потикнат од заедницата, кој пораснал од една полица до повеќе од 37 000 записи. Платформата ги интергрира заедничките потреби преку тоа што обезбедува отворен и слободен пристапен дигитален ресурс. Нивните активности се како што опишуваат не поврзани со припадност, тие веруваат во зачувувањето на податоците преку нивно споделување. Подоцна ААА почнува да функционира и како платформа за истражување, преку организирање јавни програми и програми за учење и партиципација. Со својата активност тие го поставуваат прашањето за како да се олеснат разбирањето, истражувањето и пишувањето во областа, преку збогатувањето на глобалните наративи и одново замислувањето на улогата на архивата критикувајќи ја традиционалната улога на културните институции како “чувари на портата” (на знаењата).Последната сцена од “Фаренхајт 451” ме потикнува на размислувањето како да ја одиграме нашата улога како професионалци од областа. Може да биде изведена на повеќе начини: да се изврши класификација на делата, фотографирање, скенирање и документација, дигитализирање. За тоа можат да се консултираат и индивидуални истражувачи кои својата методологија ја граделе или ја градат во однос на овие публикации. Ваквиот чекор секако би им помогнал на идните генерации кои би ја барале својата патека, земајќи го во предвид процесот којшто некој го минал пред нив.Секоја документација треба да биде зачувана безбедно и во соодветни услови. Нејзиното архивирање во однапред „сомнителни” средини, значи дека може да се случи било што, поплава, пожар, кражба и слично. Истата треба да се сочува и во соодветен формат, денес и да се дигитализира, наспроти тоа да биде натрупана и заштитена само од надворешните услови. Доколку институциите не го овозможуваат тоа, предизвик е за граѓаните од професијата да создадат неформална алтернативна платформа за сочувување на истата. Во настаните и околностите во кои живееме, заувувањето и меморирањето на една единствена публикација се чини скапоценост кон создавањето на “живата архива”. Нејзино создавање е возможно само како и досега со превземањето на индивидуална одговорност наспроти неодговорноста на државата и институциите. Се разбира, функционално само во индивидуални групи, барем во комуната на одредена област и професијата.*Александра Шекутковска е урбан дизајнер и основач на колективот за урбан дизајн „TheURBCLV