“Инклузивен град е оној којшто ги вреднува потребите на сите луѓе еднакво. Оној во кој сите граѓани, вклучувајќи ги и најмаргинализираните и сиромашните, имаат репрезентативен глас во владеењето, планирањето и процесите на јавниот буџет, пристап до самодоволни населби, легално домување и допустливи основни сервиси како вода, санитација и пристап до струја.” – Ронда ДагласСлободата и можноста за движење низ градот како лице со „посебни” потреби и изедначувањето на таквите потреби со можностите и потребите на останатите граѓани кои полесно можат да се движат, се доживува поинаку кога и самите стануваме дел од некоја од тие специфични групи. Достапноста, алтернативите и лесно пристапните места низ градот за луѓето со попречени можности, мајки и татковци со колички, деца, велосипеди, пензионери создава нови рути и мапи на движења. Изедначувањето на можностите за „посебните” групи на граѓани со можностите на „другите”, го дефинира степенот на инклузивност на еден град. На пример: мајката или таткото со бебе ја создаваат својата патека при што првенствено размислуваат каде би имало попатни станици за бебето да се пресоблече , каде би можело да се направи пауза за да се нахрани или да се најде место за одмор. Постоењето на таквите можности во урбаниот контекст го прават градот вистински употреблив, а намалувањето на грижата и размислувањата околу таквиот тип места им олеснува на граѓаните да ја доживеат згриженоста за соодветен живот во самиот град во случај во иднина да се најдат во иднина во профилот на мајка, татко, пензионер, лице со посебни потреби.Да се живее на тркала во градо значи дека тој град треба да овозможи лесна мобилност за било кој од овие профол. Пожелно е тротоарите да имаат соодветно накосување на одредени делови, да постојат посебни места во јавниот транспорт, лифтови и рампи, но и доволно култура и свест за граѓаните околу нас да ни излезат во пресрет доколку нешто од постоечката инфраструктура не функционира. Во тој случај нашето доживување и живеење во градот станува максимално просторно и искористено, живеење кое може симболично да го дефинираме како живеење во град на тркала. Трансформирањето на нашата единечност во градот кон колективното користење на јавни простори и јавен транспорт соодветно ја градат урбаната инклузивност. Во своите истражувања “Користење на урбаниот простор во секојдневниот живот на мајки и татковци кои се на породилно во Хелсинки”, урбанистот Јохана Лилус го објаснува значењето на урбаната средина за родителите кои се дел од Нордискиот модел -подршка за двата родители за породилно отсуство. Во нејзините дискусии таа посочува дека тротоарите со „мешовита” употреба на многу начини им помагаат на мајките и татковците да се снајдат во својата нова улога и да ја разбијат изолацијата која честопати се поистоветува со станувањето родител. Нејзините податоци укажуваат на значењето да се создаваат семејно ориентирани јавни и комерцијални места во градот, игралишта, пристапни продавници за намирници, кафетерии и ресторани. Таа заклучува дека  се уште постои потреба да се истражуваат алтернативите на продукциската страна на секојдневните активности на родителите и како тие го збогатуваат урбаниот живот преку својата лична партиципација во градскиот пејсаж.Во Stanford Social Innovation Review, Мајкл Феигелсон објаснува повеќе причини зошто пешачењето е важно за новите родители, децата и како тоа може да влијае на развојот на децата. Пред се, тој вели дека пешачењето е основна вежба и за едната и за другата група на корисници. Вториот аспект е дека пешачењето е бесплатно. Ваквата можност за за сите групи на граѓани, без разлика на нивните финансиски можности, го прави градот подостапен и за најранливите групи на граѓани. Трето, тој објаснува дека пешачењето може да заштеди и време, доколку градот е моделиран како соодветен контекст, може да ги подржи родителите полесно да ги извршуваат своите активности. Најважен аспект според него е предвидливоста на пешачењето. Како родители се соочуваме со голема зафатеност, потреба за извршување на бројни задачи наеднаш и недостаток од сон, што ја прави предвидливоста за квалитетот на временско и просторно движење незаменлива. Елдар Шафир, професор по психологија на Универзитетот Принстон вели дека кога родителот може да оди до она што му е потребно, тие однапред знаат  колку време им е потребно за тоа. Соочени со секојдневно задолжително организирање, ваквата можност ја прави вежбата планирање помалку стресна.Намалувањето на изолираноста на родителите во градот е директно поврзана со начинот на проектирање и урбаниот дизајн на еден град. Подршката е круцијална, во одредени случаи може и да влијае на нашите одлуки да основаме семејство и да го воспитуваме истото во одреден стил и начин на живеење. Поминувањето повеќе време во урбаниот простор наспроти останувањето дома ја зајакнува триангулацијата помеѓу образование, просторот и урбано планирање. Дизајнот на урбаниот простор може да влијае на децата во однос на нивниот развој како личности, на нивното здравје, односот кон околината, одредени одлуки и избори, како и на начинот и животот кои тие сакаат да го градат подоцна како возрасни личности во еден урбан контекст.Познатиот архитект на градинки Такахару Тезука вели дека проектирањето на најдобрите градови за деца вклучува препознавање на нивното основно право да играат и да учат. Следствено на тоа како архитекти и урбани дизајнери можеби треба да размислуваме и за можностите и самите родители да можат да си играат и да учат во урбаниот простор, наспроти обезбедувањето на минимумот на нивните потреби на кратки дистанци во градот. Посветеноста на родителите кон своите деца не мора да значи дека постои само еден начин на нивно функционирање во градот. Поливалентноста на изборите и можностите да се доживува еден град го чини вистинскиот „Град за родители“ или „Град на тркала“, впрочем и за било кој од нас во која и да можна специфична група на граѓани да се најдеме во иднината.

*Александра Шекутковска е урбан дизајнер и основач на колективот за урбан дизајн „TheURBCLV