Играјќи си со можностите на тридимензионалното печатење, архитектонското студио „DUS Architects“ изведе цела современа 3D-испечатена куќарка. Именувана како „urban cabin“, компактната куќарка е во темни ноти, со интересна бајковита форма и поставена покрај каналите во Амстердам.

dus-architects-urban-cabin3

Архитектите сметаат дека оваа куќарка може да биде едно архитектонско решение за поеколошки и самоодржливи објекти за домување во иднина. Материјалот е биолошка пластика, која може да се рециклира целосно и да се искористи одново за 3D-печатење.

Куќарката има интересна, неправилна форма, а фасадата е изведена со геометриска шема играјќи си со формите при печатењето. Има мал трем на кој може да се одмора во дворот со поглед на природата. Куќата е мала и компкатна, со димензии 8 м2 на 25 м2. Покрај малиот трем, во ентериерот има простор за голем кревет или, пак, софа што може да се отвори како кревет. Просторот е доволен за удобно уживање и одмор на викенд во природа. Покрај куќарката архитектите имаат дизајнирано и изведено и 3D-испечатена бања.

dus-architects-urban-cabin2

dus-architects-urban-cabin4

Идејата на „DUS Architects“ била оваа куќарка да се користи како префабрикувана куќарка за во природа или, пак, како опција за привремено живеалиште во области по природни катастрофи. Во такви случаи, откако ќе заврши потребата од нејзино користење, може да се рециклира и материјалот да се искористи за нешто друго.

dus-architects-urban-cabin5