Низ училниците и коридорите на Архитектонскиот факултет во Скопје може да се погледне новата изложба на креативни проекти на студентите по архитектура. Проектите, кои ги претставуваат свежите идејни решенија на младите генерации архитекти за конкретни архитектонски и урбанистички проблеми во државата, се изработени во рамки на предметот „Архитектонско студио“ во текот на летниот семестар од оваа академска година.  Работата на „Архитектонско студио“ е суштински дел од учењето на архитектурата и работа на конкретни архитектонски и урбанистички теми е можност студентите да ги применат практично теоретските знаења и да понудат реални решенија за проблематики со кои секојдневно се соочуваат. Темите на кои се работи  и секој од проектите се од голема важност, бидејќи освен што покажува во која насока размислуваат и ја гледаат современата архитектура младите генерации истовремено е и готово потенцијално решение кое може да се реализира за да одговори на конкретен проблем во некој од градовите во Македонија. Фотографии: Анастасија Хорватовиќ