Kнауф Македонија вчера во Струга вчера по 25–ти пат ја организираше Кнауф Академијата со цел да информира за најновите градежни трендови, техники и новите производи од палетата на Кнауф. Академијата беше можност да се потврди основната цел на Кнауф со висококвалитетните производи и долгогодишното знаење во областа на градежништвото да се унапреди квалитетот во градењето, а со тоа и условите на станбените простои за граѓаните.

На Кнауф Академијата присуствуваа и говореа професионалци од сферата ан градежништвото од Македонија, како и соработници и партнери на Кнауф од Бугарија, Србија, Грција, Косово, Албанија и Црна Гора. Преку интерактивни работилници и предавања, учесниците на Академијата се информираа за најновите техники и производи од палетата производи на Кнауф, како и за актуелните светски трендови во градежништвото и нивна имплементација во практиката. Истовремено беа прикажани и најновите трендови во областа на малтерите, системите за сува градба, фасадите и подовите.

Генералниот директор на Кнауф Македонија, Тодор Деловски на отворањето на Академијата посочи дека компанијата е насочена кон постојано унапредување на градежништвото преку развивање нови производи и техники. „Оваа академија е еден вид платформа за комуникација со изведувачи, архитекти, инвеститори, соработници и клиенти. Сакаме несебично да ви го пренесеме целото знаење кое што ние и нашиот тим го имаме стекнато низ овие 100 години поестоење, а јубилејни 25 во Македонија.Стотици инженери постојано работат на нови производи, нови решенија во градежништвото и истите несебично преку оваа платформа ќе ви ги пренесеме вам,“ истакна Деловски.

Кнауф Академијата веќе 25 години преку образовни предавања ги едуцира и информира градежниците, архитектите, изведувачите во Македонија за најновите производи и достигнувања во градежништвото. Кнауф Академијата заедно со другите членки на групацијата „Knauf Insulation“ и „Aquapanel“ постојано организира обуки и советувања кои им помагаат на клиентите од сферата на градежништвото да се информираат за најновите градежни техники, производи и нивната имплементација во секојдневната работа.

Целта на Кнауф е да се подигне нивото и стандардите во градежништвото, да информира за трендовите при градењето преку отворен пристап и комууникација со професионаците од градежната сфера.

Со доминантно присуство на 5 континенти, со 220 фабрики и 28.000 вработени, Кнауф е водечки производител на материјали и системи на градба на глобално ниво. Македонија е една од земјите во кои Кнауф активно работи веќе 25 години и ја подига свеста за потребата од квалитетни материјали во градежништвото. Она што го разликува Кнауф од останатите компании на пазарот е односот кон клиентите, но и кон партнерите бидејќи компанијата верува дека меѓусебната поддршка и постојано советување се основа за силна партнерска соработка и добри врски.

На вашите предизвици во градежништвото Кнауф одговара со знаење, технологија, искуство и долгогодишна традиција.

*Промотивен текст.