Во пресрет на престојното Биенале на македонската архитектура БИМАС 2018,  Асоцијацијата на архитекти на Македонија распиша конкурс за избор на најдобро графички обликуван конурс за Биеналето на студентите по архитектура БИСТА 2018.

Според објаснувањето на организаторите, постерот треба да биде со формат 50/70 cm, во слободна техника, во боја или црно-бел и треба јасно да ја репрезентира авторската идеја која ќе им се обрати пред се на студентите по архитектура, но и на пошироката публика со својата релевантност и препознатливост.Постерот треба да го покаже видливо и јасно постојното лого на БИСТА, но и да понуди соодветно графичко решение за позицијата на логото на Асоцијацијата на архитекти на Македонија како организатор на биеналето. (Логоата може да се симнат од официјалната страна на Асоцијација на архитекти на Македонија – http://aam.org.mk/)

Конкурсот е анонимен и право на учество имаат само студентите по архитектура. Учесниците на конкурсот се пријавуваат со шифра. Секој учесник има право да учествува со повеќе трудови.

Постерот се предава со шифра од максимум пет букви во горниот десен агол. Ако некој студент учествувал со повеќе трудови, сите треба да бидат означени со различна шифра.

Податоците за авторот се наведуваат во посебен затворен плик со назнака „Автор“ и назначен со истата шифра. Податоците за авторот поставени внатре во пликот треба да содржат име и презиме на студентот, име на архитектонскиот факултет и универзитет, година на студии и контакт (електронска адреса и телефон).

Оценувањето постерите поднесени на конкурсот за најдобро графички обликуван постер за БИСТА 2018 го врши жири комисија составена од претставници на факултетите по архитектура кои ќе учествуваат на Биеналето.Трите прворангирани трудови ќе добијат сертификат за учество и добиено прва, втора односно трета награда на јавен конкурс за избор на најдобро графички обликуван постер за БИСТА 2018. Првонаградениот труд ќе стане официјален постер за БИСТА 2018 и ќе ги следи сите активности на Биеналето на студентите по архитектура.

Рокот за учество на конкурсот и доставување на конкурсното решение е 01.09.2018 година, заклучно со 13 часот. Конкурсните решенија може да се достават лично или по пошта во канцелариите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија на адреса ул. Даме Груев 14а, Скопје. Избраните решенија се очекува да се објават најдоцна во рок од 7 дена од крајниот рок за предавање на конкурсното решение.

За дополнителни информации може да контактирате со координаторите на [email protected].