Меѓународната платформа за млади архитекти и дизајнери MEDS workshop “Meeting of Design Students” распиша отворен повик за учество на летната работилница на тема „DiverCity“. Работилницата е отворена за сите млади дизајнери и архитекти и ќе се одржи од 27 јули до 11 август во античкиот град Библос во Либан.

Годинешната работилници „DiverCity“ ќе се фокусира на 15 различни проекти, кои е планирано да бидат реализирани во рамки на зададените датуми. На работилницата се очекуваат гости од околу 40 различни националности, 230 учесници, студенти по архитектура и дипломирани архитекти.Конкурсот за пријавување на учество на работилницата во Либан трае до 28 февруари. Како што потенцираат организаторите, работилницата преставува интересна можност младите архитекти и дизајнери да се стекнат со искуство и нови знаења преку работа во тим на одреден проект во соработка со одредени тутори. Преку одбраните проекти кои ќе се спроведат за време на работилницата, „DiverCity“ ќе се обиде да понуди решенија за различни проблеми на локалната и глобалната заедница.

Повеќе информации за платформата за студенти и дизајнери дизајнери MEDS и работилницата може да се најдат на нивната веб страна http://medsworkshop.com/byblos/  и фејсбук страната https://www.facebook.com/medsbyblos/ .