На Архитектонскиот факултет се отвори изложбата на студентски проекти работени во рамки на предметот архитектонско студио ИАС13. Изложбата ги претставува новите студентски идеи работени на различни конкретни архитектонски и урбанистички теми во рамки на зимскиот семестар од академската 2018/2019.

Една од темите кои ги разработуваа студентите е отворен пазар во Струмица. Во продолжение погледнете го проектот на истоимената тема изработен од студентите Дрилон Мустафи и Висар Зендели.

Тема: Нов отворен пазар

Автори: Дрилон Мустафи, Висар Зендели

Педагошки тим: проф. Михајло Зиноски

Локација: Струмица

Година: 2018/2019

Опис од авторите:

Зададената тема за овој проект беше проектирање на нов отворен пазар во Струмица. Идејата на проектот е да се проектира нов градски пазар, со современ изглед, кој ќе ги задоволува сите потребни услови за градот, граѓаните и трговците.

Според нашиот проект пазарот е поделен на три главни делови: дел за за домашни апарати, за храна и дел за текстил. Во главниот комерцијален дел од 3236 м2 се поставени пазарот и продавници за прехрабени производи. Во вториот дел од со големина од 1186м2 е поставен маркет за технички производи и административен дел. Третиот дел е со големина од 929,7 м2 и е замислен како трговски простор за различни производи.

Парцелата е поделена со пат, кој ги разделува пазарот и останатите два трговски делови. Дел од пазарот е отворен со трем, кој им овозможува лесен проток на голем број граѓани истовремено во текот на целиот ден.

Објектот е замислен да биде изведен од челик и бетон. Покај трговските објекти и пазарските тезги, во централниот дел на дворот е замислен голем парк со дрвја и фонтани, односно нов забавен урбан простор за комуникација и дружба во градот.