Шпанскиот архитект Рикардо Бофил живее и твори стара фабрика во близина на Барселона со целосно зачувана архитектонска конструкција. Неговиот дом и работно студио се „скриени“ позади ѕидовите на фабрика изградена по Првата светска војна во карактеристичен бруталистички стил. Она што е уште позабавно е ентериерот каде Бофил и неговите гости сосема нормално поминуваат покрај старо фабричко сило.Просторот во целост го има задржано стариот индустриски дух благодарение на зачуваната фабричка архитектура. Ентериерот има речиси нереална атмосфера, со старите ѕидови, подови, старите прозорци од фабриката за цемент зачувани во целост. Домот изгледа како изваден од филмска сцена од некој научнофантастичен филм, со железни конструкции, високи скали кои не водат никаде. Индустриската архитектура е во хармонична комбинација со современ мебел за архитектонското студио и просториите за домување на шпанскиот архитект и целиот микс создава еден магичен и несекојдневен простор.Бофил започнал да работи на пренамена на индустрискиот комплекс уште од 1973 година. Целата фабрика се протега на простор од над 3000м2, со над 30 силоси, големи технички соби со машини и подземни работни простории. По двегодишна работа просторот е сега поделен на големо архитектонско студио со пространа канцеларија, галерија, фантастична зелена градина како мала џунгла и удобен дом. Грандиозниот простор делува како мал град среде напуштената индустриска фабрика.Ентериерот е современ со индустриска нота, со релаксирана атмосфера. Иако индустриски, целиот простор е облиен во природна светлина благодарение на бројните прозорци на конструкцијата.Покрај стандарното реновирање, рушење на дел од ѕидовите за да се отвори простор за попространи соби, еден од најкреативните потези бил позеленување на целата фабрика. Бофил започнал да сади зеленило околу фабриката и на покривите. Целиот индустриски комплекс е прекриен  со бујна вегетација и трансформиран во зелена оаза, која ја „прегрнува“ и на свој начин и крие фабриката од светот.