Ако разговарате со пријатели од Данска околу патната инфраструктура низ тамошните градовите, нивните поплаки нема да бидат за подобри улици за автомобили, туку пошироки и поквалитетни велосипедски патеки. Данските градови се посветени на добрата велосипедска инфраструктура и внимаваат велосипедистите да имаат што помалку препреки при патувањето, па, по неколкуте креативни велосипедски мостови во Копнехаген, свој интересен змијулест мост доби и градот Оденсе.

© Lars R. Mortensen

Се работи за мост со современа архитектонска форма, кој е истовремено и велосипедски и пешачки. Проектот за мостот „Foot and cycle bridge“ го изработи архитектонското студио „Gottlieb Paludan Architects“.

Новиор мост го поврзува централниот дел на градот со нова населба покрај пристаништето и железничката станица во градот. Мостот им овозможува на илјадниците жители на Оденсе што секојдневно патуваат со воз од и до работа полесно да се префрлат од воз на велосипед и потоа да стигнат дома или до работното место, без да мора да го качуваат велосипедот по скали и по ескалатори. Истовремено со својата современа форма претставува и нов архитектонски белег за градот.

© Lars R. Mortensen

Мостот има двојна улога, и велосипедски и пешачки мост, односно сплотува два моста во една архитектонска структура. За поголема безбедност, двете патеки се јасно разграничени и одделени една од друга, но грандиозната форма на мостот изгледа како да ги сплотува во едно, одговарајќи на сообраќајните потреби и безбедност и на едните и на другите.

© Lars R. Mortensen

Особено впечатлив елемент на целата структура е 30-метарската кула изведена од метал со сјајна огледална површина. Кулата и целиот мост се силно осветлени навечер, креирајќи нова урбана динамика за велосипедистите и за шетачите низ Оденсе.

© Lars R. Mortensen

Фото: Lars R. Mortensen