Архитектите од студиото „Bengo“ од Шангај се забавувале при проектирањето на хотел во форма на куќарка на дрво среде природа во Кина. Новиот современ хотел изгледа како едноставна и симпатична куќарка на дрво, со необична форма на обични картонски кутии подредени една над друга.Градбата е забавна, а истовремено и минималистичка и нуди панорамски поглед на природата. Со својот едноставен лик, изведена од дрво, целосно се претопува во своето природно опкружување и овозможува релаксирачки престој далеку од урбаната џунгла, меѓу густата зелена шума. Ентериерот, како и екстериерот е во минималистички, спокоен стил. Еден од кривулестите внатрешни ѕидови е целосно изведен од стакло, нудејќи поглед кон природата. Објектот е поделен на различни соби како спална, дневна, кујна, соба за релаксација и голема тераса на покривот. Секоја соба има големи високи и широки прозорци за да овозможи врска со природната средина. Собите се уредени со современ, елегантен и едноставен мебел.Целиот објект има релаксирачка атмосфера која нуди спокојно уживање во друштво на природата.