Данскиот архитект Бјарке Ингелс со својот нов проект „LEGO House“ го остварува сонот на голем број мали и големи љубители на шарените лего коцки. Во форма на објект изграден од лего коцки по теркот на детската креативна фантазија за игра, „LEGO House“ во Данска ќе биде забавен и креативен лего центар за игра и учење на познатата данска компанија за детските коцки.

Центарот е планирано да биде забавен простор кој ќе нуди различно можности за игра и учење со лего коцките за посетители од целито свет. Дел од активностите и објектот ќе имаат бесплатен влез и пристап. Проценките се дека објектот ќе го посетуваат околу 250.000 посетители годишно.Данскиот архитект Ингелс го замислува ова мало царство на креативноста како куќарка од лего коцки. Објектот ќе биде изведен од 21 бели големи коцки наместени една врз друга асиметрично. Специфичната архитектура истовремено креира интересен ентериер за игра и креира несекојдневен јавен простор со надворешниот дел. Платото пред објектот во стил на Ингелс ќе има голем јавен плоштад со зеленило, јавен простор на кој децата може слободно да играат. Дел од фасадата е изведена со скали, за посетителите да може да се искачуваат по објектот и да го користат овој дел за одмор, разговор и игра.  Зградата и нејзината архитектонска форма во целост ќе ја отсликуваат целата филозофија и игривост на „LEGO“ компанијата и нејзиниот најпознат производ- шарената лего коцка.Креативниот центар ќе биде поделен на неколку ниво. На приземјето ќе има продавница, три ресторани, сала за конференции и простран јавен плоштад за игра од 2000м2. На првиот и вториот кат ќе има четири различни креативни зони за игра. Секоја зона ќе биде поделена според боја и тоа црвената за креативна игра, сината за мисловна игра, зелената за друштвена и жолтата за емотивна.  На третиот кат ќе има голема галерија, во која ќе бидат изложени различни интересни дела изработени од посетителите и љубителите на лего. Во подрумот ќе има голема колекција на историски предмети, преку кои ќе биде раскажана приказната за данската компанија за играчки. На врвот на зградата пак е планирана голема надворешна тераса, отворена за јавноста, на која посетителите може да се релаксираат по разгледувањето на објектот. На врвот на зградата пак е планирана голема надворешна тераса, отворена за јавноста, на која посетителите може да се релаксираат по разгледувањето на објектот.Креативниот центар се надева дека ќе им овозможи ново забавно и едукативно искуство на семејствата, најмладите и постарите љубители на бескрајните можности за креативна игра и мечтањете на лего коцките. „LEGO House е планирано да се отвори за неколку месеци, на крајот на септември.