Држачот за  велосипеди „Heart“ верно ја отсликува љубовта на сопственикот кон неговиот велосипед. Современиот држач е изведен од метал извиткан симпатично во форма на срце и истовремено има и практична и декоративна улога.Металното срце, кое може да го чува безбедно на ѕид закачен вашиот велосипед во срцето на домот го дизајнираше чешкиот тим дизајнери „Hang Bike“. Држачот е едноставно изведен, лесен е и стабилен. Лесно може да се постави на ѕид, а иако изгледа едноставно, дизајниран е за соодветно на него да може да се распореди тежината на целиот точак без да постои опасност од негово случајно паѓање. Држачот може да издржи тежина до 20 килограми.
Формата потсетува на срце и симболично ја отсликува уникатната „љубовна“ врска која постои меѓу сопственикот и неговиот велосипед. Истовремено, формата овоможува велосипедот лесно да може да се закачи на држачот во права хоризонтална линија.Покрај практичната и функционална улога и помагањето да се заштеди простор во домот при складирање на велосипедот, држачот има и декоративна улога. Кога велосипедот не е на него, тој не го нагрдува просторот и едноставно изгледа како декоративен елемент.  

Leave a Reply