Градскиот Трговски Центар, едно од највпечатливите современи архитектонски објекти во Скопје доби нова функција: графити и стрит арт галерија на отворено. Сивиот и подзаборавен ѕид на подземното ниво на ГТЦ спроти автобуските станици изминатиот викенд доби нова боја преку дваесетина фантастични мурали и графити од македонски графитџии, дизајнери и уметници.Именувана „Градот убав“, по неофицијалната ‘химна’ на Скопје, галеријата го враќа животот на подземното ниво на ГТЦ, нуди реискористување на празниот простор на овој омилен архитектонски објект, ја поттикнува интеракцијата меѓу посетителите и архитектонскиот простор и креира нов креативен простор во градот.Фотографии: ©Александра Алексовска/ Design.mk