Деновиве во штом влезете во холот на Младинскиот културен центар со само неколку направени чекори може да се нурнете во светот на Винсент Ван Гог. Љубителите на уметноста и стилот на Ван Гог ќе се вљубат во новата инсталација „Влези“ на студентите по архитектура од Архитектонскиот факултет која претставува 3Д реплика на една од најпознатите слики „Спална соба“ на холандскиот уметник. Инсталацијата е дел од фестивалот за креативни уметности „Скопје креатива“.Инсталацијата импресивно и верно го отсликува ова уметничко дело претставувајќи ги во реална димензија атмосферата,боите и меланхолијата на Ван Гог. Ако сте љубители на сликите на Ван Гог и мечтаете да се скриете во неговата спална соба во јужниот дел на Франција ова е вистинската шанса да поуживате во тоа чувство.Ова импресивно дело на студентите од Архитектонскот факултет, изработено под менторство на професорката Елизабета Аврамовска е своевидно продолжение на нивната минатогодишна приказна, кога на истиот фестивал поставија огромен 3Д колаж и инсталација од познатата слика „Герника“ на Пабло Пикасо.

Минатата година во Чикаго, каде и се наоѓа оригиналот од „Спална соба“ на Ван Гог сервисот „Airbnb“ и музејот „Art Institute“ уредија една соба која беше оригинална копија на сликата и нудеше уникатно искуство и преноќување за локалците и туристите во градот.

Фото: Мартин Поповски