Студентите по графички и веб дизајн од „Семос Академија“ вечерва во Културно информативниот центар во Скопје ја претставуваат изложбата „Отвори окце за кул дизајнче“ со креативни студентски дела изработени во текот на академската 2016/2017. Изложбата се отвора во 20 часот.

На изложбата ќе може да се погледнат дека од 18 графички и веб дизајнери кои студираат во „Семос“. Поставката претставува интересна можност јавноста, но и бизнис и графичкиот сектор да ги погледнат погледнат креативните идеи на новите генерации графички дизајнери и да ги разгледаат можностите за понатамошна соработка со нив. Студентите од насоката графички дизајн ќе претстават дел од своите најуспешни проекти како плакати на различни теми, типографски решенија, логоа и работа на корпоративен идентитет, дигитални фото-манипулации, дизајн на пакувања и публикации. Веб дизајнерите, пак, ќе претстават сопствени портфолија и динамични веб страни за постоечки клиенти, бази на податоци, галерија и други мултимедијални содржини. 

Семос Академија редовно дава свој придонес во општествено одговорните практики, обезбедувајќи проекти за студентите, кои се наменети за реални клиенти на кои најмногу им е потребно. Обезбедувањето на практични проекти, има за цел да се поттикнат студентите на совесно творештво и креација во развој на оригинални идеи, да се охрабрат во својот личен раст и развој како дизајнери, како и да се стекнат со специфични компетенции како дел од програмата на Академијата. Годинешниот проект „Обои го и твојот свет!“ е во согласност со потребите на посебното Основно Учулиште „Иднина“ од Скопје кој резултираше со целосен корпоративен идентитет за училиштето, вклучувајќи ново креативно решение за лого, флаер и каталог кој има промотивен и продажен карактер.На изложбата ќе биде промовиран и проектот „Чиста десетка- една деценија на визуелна комуникација“, каталог со сублимат на најдобрите студетски проекти во чест на 10 години од првата промоција на студентите на „Семос Академија“.