Со четири модни ревии се затвори заврши петнаесеттиот Моден викенд Скопје кој се одржуваше во салонот „Порше Македонија“. Модниот викенд и овој пролетен почеток донесе интересни модни предизвици, забава и 13 модни ревии.

Највпечатливи на последната вечер беа креациите од тројцата млади дизајнери и финалисти од модниот натпревар „Fashion Scout SEE“.  Тројцата дизајнери се претстави преку групна ревија: „Victor Kaiser“ со модни парчиња кои се трансформираат, „Shaleva Couture“ со колекцијата „Alice“ за есен-зима 2017/2018 и „Ана Марија“ со колекцијата 1WOMAN – “Throw me to the wolves and I will return leading the pack.” Станува збор за капсулни колекции кои на 28 март годинава беа презентирани на модната недела во Белград, заедно со финалистите од Србија, Словенија и Хрватска. Последната вечер од тридевниот моден настан за сезоната пролет-лето 2017 година, ја отвори „Walone fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“ инспирирана од убавината на пердувите и бисерите дополнета со рачно изработени детали. Модното студио претстави колекција со екстравагантни креации во пастелни и златни нијанси. Брендот за чевли и чанти „Paolo Bocelli“ се претстави со несекојдневна ревија со креации од хартија „Paolo Bocelli“ презентираше модели со динамичен стил и дизајн според последните модни тенденции. Модната дизајнерка Сара Реџиќ, ново име на Моден викенд Скопје се претстави со колекцијата „Spring fairy“. Нејзините парчиња беа пролетни, со флорални мотиви. Како што вели таа, пролетта е едно од најубавите годишни времиња, период и убава приказна полна инспиративни моменти.  

Фотографии: „Ани и Дими“