Дизајнерот Горан Костовски – ind.o.g ја претстави својата нова летна унисекс колекција. Лежерната унисекс бела маичка со принт во стилот на ind.o.g. претставува интересен моден избор ова лето, а истовремено одбележува и 8-годишен јубилеј за неговата модна етикета „Celebrate Life“.„Субкултурата којашто секогаш била присутна па дури и во исчезнување, е вечна инспирација за секоја нова сезона на ‘Celebrate Life’,“ вели дизајнерот.  Јубилејната серија е ограничена на 40 парчиња. Големата маица е спакувана во торба дизајнирана специјално за 8 годишнината.