Под мотото #Stopthetraffik, со гласна кампања за борбата против трговија со луѓе вчера започна 16-то издание на Моден викенд Скопје. Сезоната есен-зима 2017/2018 ја отвори ревијата на модниор дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски од модниот брен „Papaz“ со новата колекција „Подем на гревот“

„Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира со нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток.“, вели Ѓоргиевски за својата колекција.
Публиката имаше можност да ја погледне и новата колекција накит на  „Sigma Jewelry“ инспирирана од богатата традиција, засилена со тонови на розево и бело злато, а истовремено проткаена со модерен изглед, кој ги отвара сетилата на секоја жена.  Брендот претстави уникатни парчиња накит кои симболизираат среќа, женственост и елеганција во хармонија со перфектна изработка и особено внимание на сите вградени детали.Третата ревија беше „Маршот на боговите“  на дизајнерката Викторија Арсовска. Арсовска за своите парчиња вели дека се обидела да пренесе чувство на женственост преку кроеви инспирирани од машки униформи и машката грубост на конкретните материјали. Така можеа да се видат корсети затскриени капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни ремени и метални копчиња, каде се гледа игра на нежното и грубото.Првата вечер ја затвори колекцијата  „Art deco“ на „Ателје Коцарева“.

„Колекцијата “Art deco” е женствена, деликатна и раскошна затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела визија. Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начи го осликува совршениот стил на 20-тите години.“, изјави дизајнерката Моника Коцарева.Вечерва во рамки на втората вечер на Модниот викенд  ќе може да се погледнат ревиите на студенти по моден дизајн, како и на модните брендови „Драма студио“, „Марсин“, косовското дизајнерско студио „Minna Fashion“ и дизајнерката Сара Реџиќ.

Фотографии: AniDimi Photography, Fashion Weekend Skopje