Со идеја да се креира креативно парче мебел, судентката по дизајн на мебел Александра Књазевој ја дизајнираше необичната софа „The Inchworm“. Софата изгледа како огромна мека прегратка во која може да се „изгубите“ со часови читајќи, глеајќи филм или фантазирајќи, исклучени од реалноста.

inchworm-sofa3

Софата може да се користи како дел од ентериерот или, пак, како удобно парче мебел за во дворот за уживање на сонце во летните денови. Софата има долгнавеста форма за во неа да може удобно да се легне. Основата е полукружна, изведена од метал и бојадисана во бела боја. Формата надополнета со удобните широки перници изгледа токму како голема прегратка во која може релаксирано да се одмори по долгите работни денови или во долгите лежерни викенди со добра книга, филм или друштво.

inchworm-sofa2