Едиторијалот за новата модна колекција на дизајнерката Ирина Тошева потсетува на бајковито патување низ волшебна природа. Колекцијата „Ease“ на Тошева, која беше промовирана во последниот Моден викенд Скопје изобилува со игриви бои, смели комбинации и хипнотизирачки магични принтови изработени во соработка со американскиот умерник Марк Лавџој.Тошева со оваа колекција изработена со еколошки материјали има за цел да ја покрене свеста за потребата и важноста за поголема  заштита на животната средина.

„Жители сме на планета со загрозена средина. Ова глобално прашање станува се поалармантно и сите треба да размислиме што правиме за подобрување на состојбите, дури и на ниво на индивидуи“, се вели во соопштението на Тошева за новиот едиторијал за колекцијата.Бурното и напнато секојдневие не тера на момент да застанеме, да ги затвориме очите и да гледаме со срцата. Спокојот, леснотијата, внатрешниот мир доловени во овие моменти во едиторијалот се пренесени преку волшебна фотоприказна на фотографот Миладин Паповиќ и моделите  Ана Ежова и Ивана Васовска.Фотоедиторијалот Тошева и Паповиќ го работеа неколку месеци со големо внимание на секој детал. Така за изработка на шминката, Виктор Мирчевски користи природни цветови., а парчињата се печатени на еколошки материјали со дезени на  американскиот уметник Лавџој. Модните додатоци во колекцијата се во соработка со Mighty Jewelry и во духот на колекцијата  претставуваат минијатурни пејсажи од природата.