ДомЕнтериериКомерцијални

„КЕРАПРО“, плочки за урбани и современи ентериери

By March 6, 2019 No Comments

Урбаниот стил, индустриските ноти и ретро-атмосферата се трите актуелни трендови за современите ентериери. Кој е најдобриот начин овој стил да го доловите во домот? Најчестите методи се преку впечатливи парчиња мебел, креативен декор и тапети, интересни ламби, но и плочки со посебен дезен.

Плочките честопати паѓаат во сенка на покрупните парчиња мебел кога се размислува за стилот на ентериерот. Меѓутоа, плочките се основен материјал кој може да помогне да се оформи стилот на ентериерот и едноставен начин просторот да се декорира или разигра. Компанијата „КЕРАПРО“, која веќе 25 години е еден од лидерите во индустријата за уредување на ентериери, нуди бројни колекции висококвалитетни италијански плочки со различни дезени кои се во тек со дизајнерските трендови.

Софистицирани, креативни, изработени со технолошки иновативни процеси, колекциите и брендовите за плочки во „КЕРАПРО“ нудат интересни решенија за секоја стилска и дизајнерска естетика. Доколку ви е потребна помош, тимот архитекти на компанијата ќе работи со вас на наоѓање на најдоброто решение за вашиот дом или комерцијален простор.

Во „КЕРАПРО“ може да се најдат производите на следните водечки светски производители на плочки: „Panaria Ceramica“, „Cotto D’este“ ,  „Lea Ceramiche“, „Tonalite“, „CE SI“. Од урбани, боемски и современи дизајни за помладата публика, до елегантни и софистицирани дезени за комерцијалните простори и минималистичките ентериери, во секоја можна комбинација на бои. Секоја од колекциите плочки од овие производители ќе овозможи ентериерот да добие посебен карактер и топлина.

Дозволете „КЕРАПРО“ да биде вашиот партнер при креирање креативен, долготраен и уникатен ентериер кој ќе ја раскажува вашата приказна.