Со години ја анализирате уметничката слика на Ван Гог од неговата спална соба и посакувате да е реална за да се сокриете во неа барем на момент? Чикаго сега тој сон го прави реалност. Како? Благодарение на идјеата на еден од најдобрите светски музеи „The Art Institute“, еден мал апартман во Чикаго е уреден како реална реплика на познатата слика на холандскиот сликар.

Спалната на Ван Гог се изјамува преку сервисот „Airbnb“ и тоа за мала сума од само 10 долари за вечер. Целиот потег е во склоп на новата изложба во музејот „Van Gogh’s Bedrooms“, на која за прв пат во северна Америка се претставени сите три верзии на познатата слика на Ван Гог од неговата спална соба во Франција заедно со уште голем дел од неговите дела.van-gogh-room-airbnb-art-institute-chicago-5van-gogh-room-airbnb-art-institute-chicago-2„Оваа соба ќе направи да се чувствувате како да живеете во уметничка слика. Декорирана во постимпресионистички стил, потсетува на јужна Франција и старите времиња. Мебелот, светлите бои и уметничките дела ќе ви пружат незаборавно искуство“, пишува во описот за собата на „Airbnb“, која секако комично ја издава сопственикот Ван Гог.

Целата соба изгледа како навистина да влегувате во уметничко дело, сосема нереално, како од бајка. Станот се наоѓа во центарот на Чикаго, со фасцинантен поглед на импресивните архитектонски зданија и урбаниот пулс на градот.van-gogh-room-airbnb-art-institute-chicago-6Идејата да се направи ваков потег ја поттикнал маркетинг тимот на музејот, агенцијата „Leo Burnett“. Изработката на репликата на сликата во реален стан се подготвувала четири недели. Уметничкиот и дизајн тимот кој работел на подготовката на ентериерот внимавал сè да биде точно како на сликата. Сината боја на подот е нанесена во различни насоки, исто како што е насликано и во уметничкото дело. Единствената разлика е малку поголемиот кревет во апартманот, доволно удобен за да смести двајца.

„Ова е нашиот начин да го продолжиме искуството од изложбата“, велат од музејот во Чикаго.

Интересот за собата, како и за изложбата е огромен, па собата веќе е целосно издадена до крајот на февруари. Музејот наскоро ќе ја отвори можноста за издавање на собата и во текот на март. Изложбата и уникатната соба ќе бидат отворени и  достапни на сите посетители на Чикаго и љубителите на уметноста се до средината на мај.van-gogh-room-airbnb-art-institute-chicago-1van-gogh-room-airbnb-art-institute-chicago-3