Амстердам има своја тропска оаза, а нејзиното име е „Bar Botanique“. Ентериерот на овој бар, кој потсетува на егзотични бразилски прашуми, е дизајниран од архитектонското биро „Studio Modijefsky“, кое со своите креативни идеи креира уникатен простор и искуство во срцето на Амстердам.

bar-botanique-amsterdam-1Во барот доминира зелената боја за ѕидовите и мебелот, бојата на барот, насекаде има бујно егзотично зеленило и растенија, како палмови дрвја, филадендрони, мали нежни растенија. Дел од ѕидовите се „стоплени“ и со нежно розова боја, со што просторот е во суштина поделен помеѓу бар и ресторански дел. Високите тавани на барот креираат дополнително чувство на егзотичност, пространост и слобода за уживање во барот со добро друштво во удобен амбиент. Местото делува сончево, пријатно и пријателски и особено во врнежливите амстердамски денови внесува чувство како да сте излезени на топла летна вечер.bar-botanique-amsterdam-7 bar-botanique-amsterdam-4Карактеристични за барот се високите прозорци околу целата фасада на објектот. Ваквиот концепт помага просторот постојано да е исполнет со природна дневна светлина, а истовремено креира и силна врска помеѓу ентериерот и надворешниот простор, привлекувајќи ги случајните минувачи да се впуштат во неочекувана барска и ентериерна авантура. Интересна визуелна игра во просторот креираат и многубројните огледала што висат од таванот и од што рефлектираат слики од зеленилото во барот.bar-botanique-amsterdam-3Барот се извојува од ресторанот и по бојата на ѕидовите, но и по стилот што се следи. Во ресторанот делува поформална атмосфера, со топол удобен дрвен под, додека, пак, барот е подинамичен, со удобен мебел во ретромодерен стил, бетонски под, ѕидови со дезен од модерни плочки, поенергични бои. Особено впечатлив е барот, прекриен со дезен со тропски шарм, изведен од светли сјајни плочки и од светла мермерна плотна.bar-botanique-amsterdam-10bar-botanique-amsterdam-6

Целиот ентериер делува неверојатно удобно и привлечно, место во кое можете да започнете со релаксиран ручек и да продолжите во долгите вечерни часови со добар коктел и забава со пријателите среде еден од највозбудливите европски градови.bar-botanique-11 bar-botanique-amsterdam-8 bar-botanique-amsterdam-9