Пивницата „Copper Head“ во Украина потсетува на прошетка низ мала мистична фабрика. Ентериерот на овој индустриски простор во кој може да се ужива релаксирано во стотици различни сорти пива го проектираше и уреди локалното архитектонско студио „YOD Design lab“. Во целиот простор доминира индустриска атмосфера со креативни индустриски инсталации од бакарни цевки и керамички топки.Просторот е уреден на начин да може не само да се ужива во пиво, туку и да се посматра целиот процес на производство на оваа „златна“ напивка. Пивницата се наоѓа во стара зграда од 19 век, изградена за време на австро-унгарската империја. Историјата на објектот е значајна сама по себе, бидејќи е првото место каде се прожектирал филм во 1897-та во градот Ивано-франкивск. Архитектите внимавале да не се наруши архитектонското здание ниту преку фасадата, ниту значително преку интервенцијата во ентериерот.Објектот е поделен на бар во подрумот, каде е сместена и малечка пивара.  Просторот потсетува на мистична зандана, а гостите преку стакло може да го набљудуваат процесот на работа и подготвувањето на пивото. Нискиот сводест таван во пивницата е целосно прекриен со инсталација од бели керамички топки, кои создаваат хипнотизирачка визуелна илузија во просторот.Преку скалите низ кои се протега бакарна цевка гостите пристигнуваат до првиот кат, каде се наоѓа удобниот индустриски пивски бар. Бакарната цевка од скалите се трансформира во логото на пивницата, а користењето на овој индустриски елемент во ентериерот финишира како интересни и дискретни лустери од мали бакарни цевки. Бакарот доминира во елементот, а во склоп на оваа атмосфера се и ѕидните панели со мотиви од јачмен во бакарни тонови.   Просторот е мистичен и релаксирачки со удобна атмосфера за уживање во добро пиво.