Чувството на спокојност и хармонија е она што фасцинира кога ќе се погледнат скандинавските ентериери. Интересната комбинација на едноставниот и минималистички дизајн со креативната употреба на пастелни бои за декорот креираат топлина, амбиент за целосно уживање и мечтаење.

Токму такви ентериери за мечтаење и уживање создаваат декоративните тапети на креативното студио Dagg. Креативните решенија за декорирање на ѕидовите, кои варираат од симпатични и забавни за најмладите до урбани, егзотични, па дури и отмени за собите на возрасните, и општо целата работа на ова креативно студио е инспирирано од скандинавскиот стил и неговото влијание при уредувањето на ентериерите. Во палетата на креативни декоративни ѕидни решенија на Dagg може да се најдат интересни дезени во црно-бели варијанти, пастелни тонови, геометриски форми, но и такви со егзотични флорални мотиви кои во домот ќе создадат мала рајска градина. Особено забавни се интересните тапети за детските соби со различни разиграни детски приказни, кои собата ќе ја трансформираат во сцена од детска бајка и со своите мотиви несомнено ќе создадат креативен простор кој ќе ја разбуди и поттикне детската фантазија и игра.Од тимот на Dagg коментираат дека декоративните тапети повторно се враќаат како тренд во уредувањето на ентериери, како домашните, така и комерцијалните ентериери.

„Се чини дека големото враќање на тапетите во декоративното уредување зема замав – тие се се поприсутни, како во јавните така и во приватните простори. Воедно, поместени се границите на нивната примена, па повеќе не постои единствено правило каде се’ се поставуваат. Нивната декоративна моќ е поголема и повеќе не се третираат како позадина, туку се еднакво важен елемент во декорирањето“, велат тие. Како што потенцираат, се трудат преку дизајнот да понудат посовремени тапети каде ќе доминира поголемата слика, наспроти повторувачкиот мотив.

„Тежнееме кон малку поинаков графички развој на дизајнот на нашите решенија. Како главна дистинкција, ги фаворизираме големите слики, наспроти повторувачките мотиви. Сметаме дека тука се наоѓа предноста на современите ѕидни решенија. Се работи за прашање на размер и мерка. Еден мотив кој ви се чини здодевен во мали репетитивни димензии, може да изгледа неверојатно доколку е монументално зголемен. И обратно.Во техничка смисла, современите материјали и начини на изработка и печатење, нудат многу поголеми можности за прилагодување во споредба со стандардните тапети“, додаваат од Dagg.Колекциите на тапети, поделени во категории за возрасни и деца, може да се погледнат во електронската продавница на веб страната dagg.mk. Нарачката на производи исто така се одвива електронски преку веб страната, а бидејќи тапетите изработуваат веднаш, достапни се за монтажа во релативно краток временски рок. Како дел од понудата на Dagg е и категоријата “Авторски”, односно креативни дизајни за тапети кои се изработени од македонски автори. Понудата на Dagg континуирано се надополнува со нови решенија, за кои може да дознаете доколку гo следите студиото на нивната Фејсбук страна  facebook/www.dagg.mk и Инстаграм профилот instagram/dagg.mk.